Архитектура и градба - категорија

валјак повеќе

мн. валјаци
Вид збор: Именка, машки род
Машина за набивање патишта.
Англиски: steamroller Албански: rul, shul

вар повеќе

(едн.) варот
Вид збор: Именка, машки род
Печен варовник, што се користи за варосување и во градежништвото.
Англиски: quicklime
Примери:
Таму не беше белено со вар, ами со бела земја.

варош повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Стар дел од град, обично на издигнат терен.
Англиски: town Српски: варош

варџилница повеќе

мн. варџилници
Вид збор: Именка, женски род
Место, јама каде што се гасне вар.
Албански: vendi ku shuhet gëlqerja

вгради повеќе

вградат
Вид збор: Глагол, свршен
Употреби, вѕида како градежен материјал при градба.
Англиски: build in Албански: instaloj, ndërtoj
Примери:
Во ѕидовите на новата куќа вградија систем за вода и топлина.

велеград повеќе

мн. велеградови
Вид збор: Именка, машки род
голем град
Англиски: big city
Примери:
Фотографиите од споменатата кампања се наоѓаат на огромни плакати во велеградовите ширум светот, како што се Њујорк, Лос Анџелес итн.

веранда повеќе

мн. веранди
Вид збор: Именка, женски род
Голем, покриен, обично застаклен балкон или трем.
Англиски: veranda, oriel
Примери:
Тие седнаа околу една маса на големата веранда.

вестибил повеќе

мн. вестибили
Вид збор: Именка, машки род
Широк трем во јавни згради.
Англиски: vestibule
Примери:
Ветерот ја беше отворил вратата во вестибилот.

вѕида повеќе

Види и: ѕида (несв.)
вѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
Вгради, заѕида (во ѕид).
Англиски: immure
Примери:
Многу бигорни камења вѕидале мајсторите во манастирот.

визба повеќе

мн. визби
Вид збор: Именка, женски род
Просторија во куќа што се наоѓа под нивото на приземјето.
Англиски: cellar Турски: izbe
Примери:
Винарска визба - претпријатие што произведува и чува вино.

вијадукт повеќе

мн. вијадукти
Вид збор: Именка, машки род
Мост над долина, пат, мочурливо место, обично со повеќе лакови.
Англиски: viaduct

викендичка повеќе

мн. викендички
Вид збор: Именка, женски род
Куќичка во која се поминува викендот, куќичка за одмор.
Англиски: weekend house
Примери:
Нашата викендичка е од природни материјали.

вила повеќе

мн. вили
Вид збор: Именка, женски род
Убава, раскошна куќа, обично надвор од градот, резиденција или наменета за одмор.
Англиски: villa Албански: vilë
Примери:
Во вилата „Атина“ живееше чичко ми.

висок повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ѕидарски алат во форма на конус за определување вертикала при ѕидањето.
Англиски: bob Албански: pingul

високоградба повеќе

мн. високоградби
Вид збор: Именка, женски род
Градење на висококатници, со повеќе катови.
Англиски: highrise construction

висококатница повеќе

мн. висококатници
Вид збор: Именка, женски род
Зграда со многу катови.
Англиски: highrise

влез повеќе

мн. влезови
Вид збор: Именка, машки род
Место низ кое се влегува во некој објект, или во заграден простор.
Англиски: entrance Албански: hyrje
Примери:
На влезот имаше натпис со името на фирмата.

водоскок повеќе

мн. водоскоци
Вид збор: Именка, машки род
Водна струја што блика нагоре.
Англиски: fountain
Примери:
Покрај водоскокот играа деца.

волна повеќе

мн. волни
Вид збор: Именка, женски род
Стаклена волна - вид изолационен материјал од тенки стаклени нишки за изолација на топлина и звук.
Англиски: rock wool Албански: lesh

врата повеќе

мн. врати
Вид збор: Именка, женски род
Направа што затвора или отвора некој отвор низ кој се влегува и излегува од соба, куќа, двор, градина и др.
Англиски: door Албански: derë, portë
Примери:
Потропа на вратата од одајчето.

вратник повеќе

мн. вратници
Вид збор: Именка, машки род
Составен дел од рамката на вратата или целата рамка.
Албански: pjesë e derës
Примери:
Фенерот закачен на вратникот фрлаше светлина.

вратница повеќе

мн. вратници
Вид збор: Именка, женски род
Врата; пола, крило од врата.
Англиски: wing of door
Примери:
Можеш ли да излезеш во широките дворови, на малата вратница?
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш